Samsung Galaxy Fold тестиран да работи со сите апликации

Објавено на 11.09.2019 во Новости



Samsung Galaxy Fold тестиран да работи со сите апликации

Samsung Mobile откри дека цела година пред да го претстави првиот флексибилен смартфон на преклоп Samsung Galaxy Fold направил огромни тестови за тоа како ќе работат сите мобилни апликации.

Лаборатории биле отворени во повеќе градови низ светот и се вршеле тестирање заедно со Google и сите останати Android девелопери. 

Целта е да се обезбеди најдобро корисничко искуство, со нови функции во интерфејсот кој максимално ќе го искористи двојниот екран кој кога се отвора личи на таблет како и на надворешниот помошен екран.