iPhone 11 засега без интерес во Азија

Објавено на 12.09.2019 во Новости



iPhone 11 засега без интерес во Азија

Новите модели на iPhone 11 засега поминуваат без никаква еуфорија на азиските пазари, особено во Кина, Индија и Јужна Кореја каде Apple рапидно го губи пазарното учество.

Особено во Кина корисниците ги менуваат своите навики и не брзаат да купат скап iPhone кога можат да купат домашен смартфон со врвни компоненти а двојно поевтино.

Аналитичарите сметаат дека iPhone 11 моделите иако имаат една камера плус нема да освојат многу купувачи пред се поради недостиг на 5G конекција.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: