Кога ќе се одржи промоцијата на Pixel 4 XL?

Објавено на 12.09.2019 во Новости



Кога ќе се одржи промоцијата на Pixel 4 XL?

Google повеќе не може да сокрие ниту еден детаљ од новите премиум смартфони Pixel 4 и Pixel 4 XL, па така очигледно е дека официјалната промоција е се поблиску.

Според последните информации на ликстерот Еван Влас, промоцијата на Pixel 4 Pixel 4 XL ќе се одржи на 15 октомври со цел да се поддржи и пласманот на новата верзија на оперативниот систем Android 10.

Pixel 4 XL како најмоќен смартфон ќе понуди осум јадрен Snapdragon 855 процесор, 6 GB RAM, 6,3 инчен дисплеј со 90Hz и резолуција од 3040x1440 пиксели, како и батерија со капацитет од 3700 mAh.