Откриена RAM меморијата на iPhone 11

Објавено на 13.09.2019 во Новости



Откриена RAM меморијата на iPhone 11

Apple како и досега при промоцијата на iPhone 11 воопшто не сподели детали за техничките спецификации на новите смартфони туку само користеше суперлативи како најбрзиот процесор на светот, најнапредната графика и слично.

Сега се појавија првите тестови со iPhone 11, iPhone 11 Pro, и iPhone 11 Pro Max и сите три модели располагаат со само 4 GB што секако е доволно, но ниту од далеку блиску тоа што веќе го нудат најмоќните Android конкуренти.

На пример новиот Samsung Galaxy Note 10 Plus нуди фантастични 12 GB RAM, тројно повеќе од понудата на Apple и затоа е еден од најдобрите мултифункционални смартфони.





Прочитајте повеќе: