Lenovo Carme би го посакал секој со ваков дизајн и цена

Објавено на 16.09.2019 во Новости



Lenovo Carme би го посакал секој со ваков дизајн и цена

Lenovo претходно ги претстави A6 Note и K10 Note телефоните, а сега го претстави и смарт часовникот Lenovo Carme. Уредот има 2,5D закривен дисплеј на одозгора со големина од 1,3 инчи.

Carme ви ги покажува известувањата кога имате порака, повик, а имате и фитнес функционалности: педометар,мерење на отчукувања на срцето и следење на спиењето. 

Она што е многу значајно кај Lenovo Carme, е тоа што не мора да го вадите од рака кога пливате, затоа што има IP68 сертификат за водоотпорност. Може да се конектира со iOS и Android уреди преку Bluetooth 4,2 верзијата, додека батеријата му е со капацитето д 202mAh. Неговата цена изнесува 50 долари и веќе е пуштен во продажба.





Прочитајте повеќе: