Xiaomi Mi 9 Pro 5G доаѓа за една недела

Објавено на 17.09.2019 во Новости



Xiaomi Mi 9 Pro 5G доаѓа за една недела

Xiaomi потврди дека на 24 септември и официјално ќе одржи голем промотивен настан на кој ќе биде претставен најмоќниот смартфон Xiaomi Mi 9 Pro 5G од нивната нова серија на уреди.

Xiaomi Mi 9 Pro 5G ќе работи со обновениот осум-јадрен Snapdragon 855 процесор со новата Plus верзија, а ќе има и рекордно брзо полнење со фантастичен капацитет од 30W за батеријата од 4000 mAh.