Smart Screenshots: Нова алатка за пребарување на интернет

Објавено на 18.09.2019 во Новости



Smart Screenshots: Нова алатка за пребарување на интернет

Google од година на година го доработува својот пребарувач и воведува нови начини за пребарување на интернет. Со помош на клучните поими, гласовни и сликовити, воведува и пребарување со помош на снимките од екранот, односно "screenshot".

Новата опција, за која се уште не се знае точно кога ќе се појави, но сигурно е дека ќе биде достапна на нашите смартфони се нарекува "Smart Screenshots". Така корисниците, кога ќе направат снимка од екранот, ќе добијат и опција за пребарување со помош на Google Lens, апликација за анализа на фотографии. Lens ќе им овозможат на корисниците да „прочитаат“ фотографија, односно пребарувачот да пронајде визуелно слични предмети на фотографиите.