Може ли Apple да го загрози Netflix со видео сервисот

Објавено на 18.09.2019 во Новости



Може ли Apple да го загрози Netflix со видео сервисот

Apple досега е познат по своите високи цени и квалитетни производи. Затоа сите останаа шокирани кога ги објави цените на месечните претплати за Apple tv+.

Apple tv+ е многу поевтин во споредба со останатите сервиси на пазарот со двојно помала цена од очекуваната – 4,99 долари. Останува само прашањето што ќе понуди Apple на корисниците за оваа претплата, а за неколку дена ќе биде достапен и Apple Games, како и Apple Music, меморија на iCloud. Постојат шанси за Apple tv+ да добие следната година над 100 милиони корисници, со што може да му се закани на недопирливиот Netflix. Не знаеме само дали ќе биде достапен Apple tv+ и во нашата земја.