Huawei го лансираше најбрзиот светски кластер за вештачка интелигенција

Објавено на 19.09.2019 во Новости



Huawei го лансираше најбрзиот светски кластер за вештачка интелигенција

Huawei во минатите неколку години интензивно работат на развојот на вештачка интелигенција и хардвер што ги искористуваат сите нејзини предности. На конференцијата на Huawei Connect 2019, направиле чекор напред лансирајќи го Atlas 9000, најбрзиот светски кластер за вештачка интелигенција, кој ќе служи за различни тестирања, научни истражувања и комерцијални иновации.

Од Huawei појаснуваат дека на Atlas 900 му требаат само 59,8 секунди за подучување на ResNet-50, што претставува златен стандард за мерење на перформансите кога станува збор за вештачката интелигенција. Инаку, се работи за резултат што е за 10 побрз од претходниот светски рекорд. 

Atlas 900 ќе донесе нови можности во различни области на научни истражувања и бизнис иновации - од астрономија, прогнозирање на времето и автономно возење до геолошки истражувања. Huawei го користи Atlas 900 во својот Huawei Cloud, кој е достапен за корисниците од цел свет.