Со основни познавања на HTML лесно се стига до приватни фотографии на Instagram

Објавено на 19.09.2019 во Новости



Со основни познавања на HTML лесно се стига до приватни фотографии на Instagram

Со години не убедуваат од Instagram и Facebook дека добро одбраните поставки за приватност гарантираат дека нашите фотографии, видеа и објави ќе може да ги гледаат само на оние што сме им дозволиле, но не е баш така.

Група новинари од BuzzFeed открива дека е возможно да се види содржина и од приватни профили на Instagram и Facebook. И тоа е многу едноставно, користејќи го протоколот што им е добро познат на информатичарите, а не бара големи познавања. Доволно е само да имате основни познавања од HTML и користење на веб прелистувач.

 На "Inspect element" се гледа која URL адреса се наведува и таа адреса може да се сподели со сите, а така може да се дојде до сите приватни фотографии и видеа. Новинарите од BuzzFeed докажале дека може да се дојде и до избришаните објавни Story содржини, односно на кои прикажувањето им е истечено, или пак биле избришани.