Facebook блокирал 10 илјади апликации што ја загрозуваат приватноста на корисниците

Објавено на 21.09.2019 во Новости



Facebook блокирал 10 илјади апликации што ја загрозуваат приватноста на корисниците

Facebook објави дека укинал над 10 илјади апликации што потенцијално претставуваа опасност за приватноста на корисниците, покажа интерна истрага водена со милиони апликации. Социјалната мрежа ја покрена истрагата после скандалот со Cambridge Analytica во 2018.

Тогаш ветија дека ќе ги прегледаат сите апликации со пристап кон големи количини на информации. Меѓу укинатите апликации се "myPersonality", која откриваше скриени тајни карактеристики на личностите. За таа голема истрага работеле стотици адвокати, надворешни истражувачи, аналитичари и инженери. Со тоа се суспендирани 400 програмери.