Xiaomi Mi Mix Alpha целосно ќе биде обвиткан со дисплеј

Објавено на 22.09.2019 во Новости



Xiaomi Mi Mix Alpha целосно ќе биде обвиткан со дисплеј

Xiaomi беше првиот бренд кој го претстави трендот на целосна искористеност на предната површина на дисплејот без никакви физички копчиња или ленти за навигација низ менито со иновативниот модел Xiaomi Mi Mix.

Сега се подготвува четвртата генерација со името Xiaomi Mi Mix Alpha кој се планира да биде целосно обвиткан со дисплеј, а на страните односно на рабовите исто така ќе има дисплеј за приказ на информации и виртуелни копчиња за брза активација.

Промоцијата на Xiaomi Mi Mix Alpha е закажана за 24 септември, па така се очекуваат големи изненадувања и иновации. 

Автор: Aleksandar Stankov