Amazon претстави интересни и ексклузивни носечки уреди

Објавено на 26.09.2019 во Новости



Amazon претстави интересни и ексклузивни носечки уреди

Amazon претстави цела низа уреди со Alexa, што ќе го олесната користењето на дигиталниот асистент. Echo Loop е новиот прстен изработен од титаниум со вграден микрофон, што овозможува комуницирање со Alexa.

Echo Loop не е само смарт прстен поврзан со Alexa, туку може да се користи и за кратки телефонски повици, кој дискретно ги известува сопствениците кога имаат повик или известување. Батеријата трае цел ден. а се полни со спцијален држач за само 90 минути. Тој е достапен само за одбрани корисници во моментот за 129 долари, а се очекува да се пушти во масовна продажба од крајот на 2019.

Amazon го претстави и Echo Frames, рамки за очила опремени со Alexa. На рамките може да вградите какви стакла сакате, тие имаат вградени 4 мали звучници, со кои Alexa ги известуваат корисниците за потсетници, пораки и други работи на телефонот. Интересно е тоа што користат технологија што звукот го насочува кон увото на носителот, како што тие околу него не би слушнале што зборува Alexa. Нивната цена изнесува 180 долари.

Echo Buds се презентирани исто така, со вградена Alexa, и два надворешни и еден внатрешен микрофон, кои работат заедно со цел да ја намалат надворешната бучава за време на комуникацијата со Alexa. Нивната батерија трае пет часа и може да се купат за 130 долари. За разлика од Frames и Loop, достапни се веднаш за купување.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: