Пол Скенлан: „Huawei вложува милиони за да им даде избор на корисниците“

Објавено на 27.09.2019 во Новости



Пол Скенлан: „Huawei вложува милиони за да им даде избор на корисниците“

Huawei тврди дека бил спремен на овој чекор и со години бил посветен на развој на свој софтвер. Меѓутоа компанијата никогаш не беше доволно отворен за новиот оперативен систем, дури и кога го претставија како Harmony OS. 

Пол Скенлан од Huawei за време на  својот говор од Oslo Business Forum, кој се одржува за време на Oslo Innovation Week во Осло, вели дека "Huawei вложува милиони во развојот на новиот екосистем. Затоа што сака да им даде избор на корисниците“, вели Скенлан. 

За 5G вели дека се врзуваат секогаш зборовите „брзина“ и „напредна технологија“. "5G нема врска со брзината, туку со парите. 5G е поевтин од 4G. Ако сакате да ставите 4G на сите столбови, тие мора да бидат уште поголеми и мора да ги има повеќе“, објаснува Скенлан.

Тој вели дека 5G ги решава оперативните трошоци што телекомите ги имаат особено во руралните подрачја. 5G базните станици имаат помала потрошувачка на енергија, а фактот дека имаат помалку од 40 килограми, ги прави соодветни и за поставување на веќе постоечките столбови за јавно осветлување.