Google „дувна 21 свеќа“ за постоењето

Објавено на 28.09.2019 во Новости



Google „дувна 21 свеќа“ за постоењето

Пред 21 година, на вчерашен датум, двајцата млади информатичари, Сергеј Брин и Лери Пејџ, ја објавија научната работа наречена "Anatomy of a Large-Scale Hypertextual Web Search Engine" (Анатомија на хипертекстуалниот пребарувач на интернет со голем домет), во која ја појасниле идејата за пребарувачот што би можел да пребарува барем 24 милиони страници. Го нарекле Google.

„Го одбравме името Google, затоа што тоа е вообичаен начин на кој се пишува googol, односно 10 на стота, а брилијатно се вклопува во нашата идеја за изградба на голем пребарувач“, пишува во самиот вовед на научната работа.

Оттогаш до денес, Google стана задолжителен дел од нашите животи, кој на почетокот беше само идеја на двајца научници. Сега Google е најголемиот интернет пребарувач на светот. 

Автор: Aleksandar Stankov