Безбедносен пропуст би можел да загрози милиони iPhone-и
Објавено на 30.09.2019 во Новости
Експерт за безбедност на Twitter, потпишан со името "axi0mX", предупредил дека во оперативниот систем на Apple - iOS, го сокрива безбедносниот пропуст, кој сите смартфони после iPhone 4S ги прави ранливи.
„Ова е можеби една од најголемите вести во iOS jailbreak заедницата во последниве години“, напишал тој на својот Twitter профил.
Тој вели дека повеќето генерации на iPhone и iPad се ранливи, од iPhone 4S до (A5 процесорот) до iPhone 8 и iPhone X (A11 процесорот). Проблемот бил хардверски, но експертите велат дека хакер може да ви наштети само доколку физички има пристап кон уредот. Apple се уште нема коментар за овој пропуст.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.