Бил Гејтс: Документарен филм за неговите најголеми тајни за успехот

Објавено на 30.09.2019 во Новости



Бил Гејтс: Документарен филм за неговите најголеми тајни за успехот

Има нов документарен филм за Бил Гејтс, во кој открива по што тој се разликува од другите и што е тајната за неговиот успех. Да, никогаш не е доста кога пишуваме за тајните на успешните луѓе во технолошкиот свет. Тоа е она што сите не интересира. 

"Inside Bill`s brain" е документарен филм на три делови достапен на  Netflix, кој го покрива детството на Гејтс, стартувањето на Microsoft и неговиот успон до најбогатите личности во светот. Тука се и филантропските проекти на кои работи уште кога го напушти челното место на компанијата. Документарниот филм ја открива неговата најголема љубов кон книгите и читањето и уште на првите сцени се прикажува торбата на Гејтс, во која има десетина книги од различна тематика во областа на науката, технологијата, вакцинацијата, енергијата, итн.