Претстојниот предводник LG G8X ThinQ ќе биде гејмерски

Објавено на 30.09.2019 во Новости



Претстојниот предводник LG G8X ThinQ ќе биде гејмерски

Гејминг телефоните растат во смартфон индустријата брзо во последниве години, па така секој сака парче од колачот. Samsung, Apple, Google, и други производители веќе ја акцентираат важноста за гејминг алатки во нивните продукти. LG исто така на почетокот на септември го откри новиот предводник, со двоен дисплеј, кој ќе го добие името LG G8X. 

LG откри начин како да го рекламира G8X уште пред да излезе во октомври. Јужнокорејската компанија открива дека има големи можности во гејминг индустријата, па затоа LG G8X ThinQ го адаптирал според потребите на пазарот, кој е наследник на LG V50 ThinQ. Голема работа е што тука го имаме LG Game Pad, кој доаѓа вграден во секундарниот дисплеј на телефонот, додека LG Dual Screen доаѓа со контролер со целосен екран на допир, специјализиран за игри за пукање, тркање, акција и спорт.

Game Launcher апликацијата за LG Dual Screen вклучува пократок пат кон Gaming Channel на YouTube за побрз пристап. Благодарение на двата дисплеја, LG G8X ThinQ корисниците ќе може да ги истакнат подобро нивните гејминг вештини со тоа што ќе ја играат играта на едниот дисплеј, додека ќе комуницираат со другите играчи на другиот дисплеј.