Корисниците на WhatsApp добиваат опција за самоуништувачки пораки

Објавено на 02.10.2019 во Новости



Корисниците на WhatsApp добиваат опција за самоуништувачки пораки

Facebook тестира нова опција за WhatsApp, која ќе овозможува поголема безбедност при допишувањето. Во кодот на новата тестна верзија на WhatsApp за Android е откриена новата опција за самоуништување после одредено време.

Snapchat ја има оваа опција, кога пораката ќе стигне на чет, се активира тајмер од 5 или 10 секунди. Кога ќе помине тоа време, пораката автоматски се самоуништува и се брише од апликацијата.