Apple ќе го лансира iPhone SE 2 догодина во март

Објавено на 04.10.2019 во Новости



Apple ќе го лансира iPhone SE 2 догодина во март

Аналитичарот Минг Чи Ку тврди дека Apple догодина во март ќе ја лансира новата верзија на малиот и евтин iPhone SE 2 кој треба да биде замена за понудата на iPhone 8 кој сега се продава по цена од 499 долари.

iPhone SE 2 засега не е јасно дали ќе има физичко Home копче во кое ќе биде сместен скенерот Touch ID или пак ќе има целосен екран со Face ID.

Познато е само дека iPhone SE 2 ќе работи со новиот пА13 процесор, ќе има 3 GB RAM и камера од некој понов модел.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: