Било кој суд во светот може да му нареди на Facebook да отстрани содржина за клевета

Објавено на 06.10.2019 во Новости



Било кој суд во светот може да му нареди на Facebook да отстрани содржина за клевета

Facebook ја критикува одлуката дека може да се отстранат содржини за клевета и навреда по барање во било кој дел од светот. Од социјалната мрежа тврдат дека ова ја доведува во прашање слободата на изразување.

Имаше претходно случај кога Австрискиот врховен суд побара од Европскиот суд за правда (ECJ) во Луксембург да му помогне да ги протолкува европските закони за интернет. Судиите од ECJ одлучија дека на Facebook може да му се нареди да ги открие и да ги отстрани објавите на било кој корисник, кои се доволно слични на оригиналните и не треба поединечно да се проценуваат. Националните судови може да одлучат дали сакаат и оваа обврска да ја прошират низ цел свет, пишува во образложението на одлуката.