HP ќе штеди пари со отпуштање на 9 илјади работници

Објавено на 07.10.2019 во Новости



HP ќе штеди пари со отпуштање на 9 илјади работници

HP најавува масовни отпуштања со цел да ги намали трошоците и да заштеди милијарда долари. Гигантот планира да изврши од 7 до 9 илјади отпуштања како драстична мерка за намалување на трошоците во компанијата.
        
Американскиот производител на компјутери во 2018 година пријави дури 55.000 вработени, што значи дека ако отпушти 9 илјади луѓе, тоа би било еднакво на 16% од своите вработени во сите свои подружници низ светот. Инаку, ова не е ништо ново, затоа што HP постојано ги намалува бројот на вработени.