HTC не се откажува од смартфони

Објавено на 08.10.2019 во Новости



HTC не се откажува од смартфони

HTC веќе неколку години не е присутен на пазарот на смартфони со квалитетни уреди кои ќе привлечат поголемо внимание и целосно е потиснат во премиум класата иако некогаш важеше за топ бренд.

Сепак, новото раководство на компанијата тврди дека HTC ќе направи камбек на пазарот на премиум смартфони кога ќе биде вистинско време. 

Во последните години HTC целосно се посвети на развој на виртуелната реалност со Vive уредот, додека пак брендови како Samsung и Huawei лансираа голем број на мобилни иновации и затоа останаа на врвот.