Безбедносен пропуст што може да загрози над 100 милиони Android-и

Објавено на 09.10.2019 во Android



Безбедносен пропуст што може да загрози над 100 милиони Android-и

Безбедносните експерти од Google објавија дека откриле безбедносен пропуст во оперативниот систем Android, кој би можел да загрози над 100 милиони смартфони низ светот. Тие го откриле тоа уште во 2017 година, по што била креирана закрпа, но со појавата на Android 8, пропустот повторно се појави и остана.

Пропуст бил пронајден кај 20 модели на смартфони, меѓу кои биле Google Pixel, модели на Samsung, Huawei и Xiaomi. Се очекува ова да се среди со октомвриска безбедносна закрпа од Google.