Администрацијата на Трамп сака да ги финансира ривалите на Huawei

Објавено на 09.10.2019 во Новости



Администрацијата на Трамп сака да ги финансира ривалите на Huawei

Financial Times објави дека Америка планира да ги финансира ривалите на Huawei - Nokia и Ericsson, за емитирање на радио сигнал од мобилните телефони и мобилните кули. Причината за тоа е што кинескиот бренд е до тој степен развиен, што нуди многу евтина услуга и мора некој да му се спротивстави. 

Во моментот не постои таква американска компанија, што би можела да се спротивстави на Huawei во 5G сегментот. Се уште нема официјална информација, но коментарите се дека се размислува во таа насока. За таа цел администрацијата на Трамп имала разговори со Oracle и Cisco, дали тие би биле заинтересирани за влегување во пазарот со радио трансмисија. Наводно компаниите одговориле дека не се заинтересирани за влегување во овој бизнис, затоа што би било премногу скапо и би земало премногу време. Планот во моментот на Конгресот е да се обезбеди интернет за руралните области, со цел да се исфрли технологијата на Huawei од нивната мрежа и да се имплементира исклучиво американска опрема.