Hulu овозможи офлајн преземања на филмови само за iPhone

Објавено на 09.10.2019 во iOs



Hulu овозможи офлајн преземања на филмови само за iPhone

Hulu има одлична иновација, со која се предвидува офлајн преземања од интернет. Без разлика дали планирате да патувате или сакате да ги гледате вашите омилени телевизиски шоуа, ќе може да ги гледате преку Hulu.

Лошата вест е што новата опција е достапна само за iOS корисници. За Android корисниците новата алатка ќе биде исто така достапна наскоро, велат од Hulu. Преку Hulu без реклами ќе може да преземате илјадници филмови, како што се на пример сериите Family Guy, Desperate Housewives, ER, The Handmaid's Tale. Може да преземете најмногу до 25 наслови на 5 различни уреди, со максимален временски рок од 30 дена за гледање на содржината. 





 
Најнови телефони
 
 


{}