Colorize алатката на Google мора да се доусоврши!

Објавено на 10.10.2019 во Новости



Colorize алатката на Google мора да се доусоврши!

За време на Google I/O 2018 девелоперската конференција, компанијата ја претстави новата опција за Google Photos апликацијата - Colorize. Шефот на Google Photos, Дејвид Либ, кажа годинава дека Colorize се уште треба да се доработи, за што беше објавена слика од опцијата. Во оригинално црно-бела боја, сликата беше колоризирана од Google со розова нијанса.

Colorize беше воведена со 4.26 верзијата на Google Photos апликацијата, која беше додадена на првиот таб во Beta верзијата. Пред да ја употребите Colorize, сликата мора да се прикачи на Google photos апликацијата, за што нема потреба од интернет конекција. Colorize се уште не е официјално достапно и се уште не е познато кога ќе биде активирана за сите корисници. И покрај тоа што ја има на Pixel 2 XL во верзијата 4.26, алатката не е овозможена во Google Photos апликацијата. Google се уште има уште многу работа додека да ја среди.