Nokia 8.1 е еден од првите брендови со Android 10 надградба

Објавено на 09.10.2019 во Новости



Nokia 8.1 е еден од првите брендови со Android 10 надградба

Шампионот за софтвери во мобилниот свет, го лансира најновиот Android 10. Еден од првите уреди што ќе биде промовиран со овој софтвер е Nokia 8.1, од повисоката средна класа. Супер е тоа што овој уред што не му припаѓа на Google ја добива официјалната надградба со најновиот оперативен систем, следејќи ги стапките на Essential Phone, исто како и OnePlus 7 и 7 Pro. 

Неговиот Snapdragon 710 процесорот под хауба е навистина импресивно достигнување. Nokia 8.1 е првиот телефон со процесор за средна класа со Android 10 софтвер, овозможувајќи многу кул нешта како што е мрачната тема за оперативниот систем, која е побрза и интуитивна за ракување. Надградбата за моделот стартува од денес!

Автор: Aleksandar Stankov