Windows 10 е втор најкористен оперативен систем

Објавено на 28.12.2015 во Windows



Windows 10 е втор најкористен оперативен систем

Новата генерација на Windows оперативен систем добива се поголем број на корисници, а тоа не е чудно затоа што Microsoft се обидува да го понуди Windows 10 за сите видови на технолошки уреди. Екипата од Redmond веќе се смешка поради растот на уделот на Windows 10. 

Според статистичките податоци на GlobalStats, Windows 10 зазема 12,4% од декстоп компјутерите, што значи дека осмицата се повлече на трето место со удел од 12,33%. На топ листата се наоѓа доминантниот Windows 7. Аналитичарите сметаат дека празничниот период во кој се купуваат компјутери и лаптопи со инсталирани десетки се главната причина за растот на најновиот софтвер на Microsoft. 

Останува допрва да видиме како ќе се развива и мобилната верзија на Windows 10, за која не се сомневаме дека ќе се пробие на пазарот, со оглед на сите новитети и подобрувања.





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}