Гинисови рекорди за најголемиот 3D печатен брод досега

Објавено на 15.10.2019 во Новости



Гинисови рекорди за најголемиот 3D печатен брод досега

Џиновски полимерен 3D печатар го креирал најголемиот печатен брод во светот, кој се одликува со неверојатна должина од 7,62 метра, и тежина од 2,300 килограми. Со тоа се испечати и најголемито предмет досега, за што се доделени и три Гинисови рекорди: најголем прототип на полимерен 3D печатар, најголем цврст предмет испечатен со 3D печатар и најголем 3D испечатен брод.

Центарот за напредни структури и композити при Универзитетот во Мејн, САД, е заслужен за овој џиновски примерок на брод, кој може да печати објекти до 30 метри максимално, со широчина од 6,7 метри и височина до 3 метри. Брзината со која се печати изнесува 230 кг/час.