Honor 20 Lite пристигнува за неколку дена со Kirin 810

Објавено на 16.10.2019 во Новости



Honor 20 Lite пристигнува за неколку дена со Kirin 810

Honor 20 Lite ќе биде наскоро претставен, а во меѓувреме излегоа спецификациите за него. Се работи за евтин модел на смартфон, кој ќе биде со AMOLED дисплеј од 6,3 инчи и скенер за отпечатоци од предната страна, под екранот. Секоја чест.

Honor 20 Lite ќе има моќни перформанси: Kirin 810 процесор, 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Телефонот има тројна камера со 48MP главен сензор. Датата кога ќе биде лансиран е 22 октомври.