Google го претстави Pixel 4, заедно со слушалки, смарт звучник и лаптоп

Објавено на 16.10.2019 во Новости



Google го претстави Pixel 4, заедно со слушалки, смарт звучник и лаптоп

Google на својот настан претстави цела низа нови уреди и услуги. Со тоа се обиде да покаже дека се грижи за приватноста на своите корисници. Тој претстави нови слушалки, иновативен лаптоп, смарт звучник, и новиот Pixel 4. Google го истакна новиот Pixel 4 дека ни овозможува нов начин за користење на телефон, без допир.

Pixel 4 препознава гестови и реагира на нив, а корисникот на тој начин не мора да го допре екранот. Минијатурен радарски сензор скриен под екранот ги детектира движењата со раката, го препознава приближувањето на лицето и го покренува отклучувањето на екранот, но го исклучува и екранот доколку детектира дека нема никој во близина.

Google ја пофали новата камера: две нови задни камери од кои едната е со телефото леќа со опција за ноќно снимање Night Sight, а со снимањето и во HDR+ може да уредувате фотографии како да се снимени нештата во сенка, како и оние на светлото. Pixel 4 има и нова верзија на Google Assistant, што овозможува брза обработка на податоци без поврзување со информации во облак.

Новиот Pixel доаѓа со Android 10 оперативен систем и неколку дополнителни апликации. Новата Recorder апликација овозможува снимање на предавања, состаноци или говор, како и транскрипт. Google Pixel 4 има 6GB RAM меморија, Titan M безбедносен чип за обезбедување на најсензитивните податоци, односно Google Pixel Neural Core процесор. Pixel 4 е достапен за преднарачка во бела, црна и портокалова боја за 799 долари, додека неговиот поголем брат Pixel 4 XL ќе биде 899 долари.