Во кои бои ќе дојде Samsung Galaxy S10 Lite?

Објавено на 17.10.2019 во Новости



Во кои бои ќе дојде Samsung Galaxy S10 Lite?

Samsung Mobile по подолго време ќе лансира посебни Lite верзии на премиум моделите кои доаѓаат неколку месеци по оригиналниот модел и ќе понудат нешто пониски цени со идентичен дизајн и речиси сите адути.

Сега веќе е познато дека Samsung Galaxy S10 Lite ќе биде достапен во бела, црна и сина боја на маската со новиот Prism дизајн кој дава ефект на прелевање и одблесок на нијансите за многу симпатично визуелно искуство.