Google Home Mini се претвори во Nest Mini

Објавено на 17.10.2019 во Новости



Google Home Mini се претвори во Nest Mini

Малиот смарт звучник на Google, во новата верзија го менува името во Nest Mini и доаѓа со нови бои, со цел да се прилагоди на секој дом. Nest Mini има двојно помоќни LED светилки од оригиналниот Google Home Mini, кои сигнализираат дека има некој во близина, за, во тој момент да може да се регулира гласноста со лесен допир на самиот звучник.

Подобрено е препознавањето на гласот исто така, во атмосфера на силна бучава. Nest Mini станува дел од целокупното смарт домаќинство, па така со една гласовна наредба корисникот може да ја префрли содржината што ја гледал на смартфонот на смарт телевизорот и да продолжи да гледа без прекин. Ќе биде достапен во продавниците на Google Store за цена од 49 долари.