Nvidia го пушти GeForce Now и на Android смартфоните

Објавено на 17.10.2019 во Новости



Nvidia го пушти GeForce Now и на Android смартфоните

Nvidia уште во август најави дека стриминг сервисот за компјутерски игри GeForce Now ќе го доведе и на мобилните што користат Android оперативен систем, а сега и тоа се случи. GeForce Now е достапен за корисниците на Android во Јужна Кореја, но за сите што живеат на друго место во светот, а сакаат да го испробаат веднаш, апликацијата е достапна преку APKMirror. Од тој неофицијален извор може да се инсталира на мобилниот телефон. 

Сервисот работи на мобилниот телефон, слично како и на стандардниот компјутер, а единственото што ви треба е да почнете да играте сериозни видео игри на мобилниот е контролерот, бидејќи некои игри немаат поддршка за контролите со допир на екранот. Тука конкуренцијата дише во врат - Google со Stadia, а Microsoft со xCloud.