Samsung ќе ја среди грешката со скенерот за отпечатоци

Објавено на 18.10.2019 во Новости



Samsung ќе ја среди грешката со скенерот за отпечатоци

Samsung Mobile најави софтверска надградба за Galaxy S10 со цел целосно да ги заштити корисниците. Во Велика Британија корисничка нанела заштитен гел на дисплејот од неофицијален доставувач и потоа смартфонот можел да се отклучи и со нерегистриран отпечаток од прст.

Затоа Samsung најави дека целосно ќе го испита случајот и препорачува на сите корисници да употребуваат само официјални методи на заштита на екранот на Samsung Galaxy S10.

Овој уред им ултрасоничен скенер па така секое негово пореметување со неофицијална заштита може да предизвика безбедносен пропуст, но секако Samsung ќе лансира софтверска надградба за отстранување на слабостите.

Автор: Aleksandar Stankov