Google Maps овозможува дополнителни опции за iPhone

Објавено на 19.10.2019 во Новости



Google Maps овозможува дополнителни опции за iPhone

Навигацијата и мапите на нашите смартфони значително ни го олеснија возењето и движењето во новите места и градовите, но со текот на времето за многумина станале неизбежна алатка што секојдневно се користи на позната и непозната територија.

Google Maps редовно ја прикажува состојбата на сообраќајот, каде се најголемите гужви, времето на доаѓањето на автобусите и евентуалното нивно доцнење. Корисниците на Android досега ја имаа можноста за дојава со случаи за сообраќајни несреќи, увид преку полициски надзорни камери, директно од апликацијата. Сега сето ова ќе го имаат и iPhone корисниците на мапата. Сега ќе има и четири нови видови за пречки во сообраќајот: работа на патот, затворени ленти, расипано возило на патот и предмети на патот.