Samsung со важна порака за безбедноста на Galaxy S10 и Note 10

Објавено на 21.10.2019 во Новости



Samsung со важна порака за безбедноста на Galaxy S10 и Note 10

Samsung Mobile упати важна порака до своите корисници за безбедноста на скенерот за отпечатоци на моделите Samsung Galaxy S10 каде првично беше откриена слабоста како и на Galaxy Note 10 и други модели кои имаат ултра соничен сензор.

Проблемот е со силиконски додатоци за заштита на екранот кои го прават скенерот ранлив и може без регистрирани отпечатоци да се отклучи екранот без авторизација.

Затоа Samsung препорачува да не се нанесуваат ваков вид на силиконски заштити. Во софтверската надградба нема да им биде овозможено на корисниците да регистрираат отпечатоци од прсти доколку екранот има ваков вид на налепена обвивка.

Исто така Samsung препорачува целосно да ги избришете сите отпечатоци од прсти и да скенирате нови.

Автор: Aleksandar Stankov