"Младиот" Huawei Honor 20 Lite лансиран со топ цена

Објавено на 22.10.2019 во Новости



"Младиот" Huawei Honor 20 Lite лансиран со топ цена

Huawei лансираше нова Youth верзија на Honor 20 Lite кој за најнапредниот модел со 8 GB RAM и 128 GB меморија се продава по цена од 210 евра.

Huawei Honor 20 Lite Youth исто така нуди 6,3 инчен AMOLED дисплеј со Full HD Plus резолуција, работи со осум јадрен Kirin 710 процесор и има тројна главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели.

Во пакетот на Huawei Honor 20 Lite Youth влегува и батерија со капацитет од 4000 mAh, брзо полнење од 20W како и 16 мегапикселна селфи камера на предната страна.