Xiaomi се спрема за големата 5G револуција на мобилниот пазар

Објавено на 23.10.2019 во Новости



Xiaomi се спрема за големата 5G револуција на мобилниот пазар

На неодамнешна конференција во Кина извршниот директор на Xiaomi, Леи Џун, кажал дека во мобилната индустрија сме загрижени дека веќе од следната година 4G телефоните нема да бидат толку популарни и дека корисниците ќе размислуваат за 5G моделите со цел да имаме телефони за иднината.

Моментално постојат неколку 5G телефони, а повеќето се скапи модели од повисоките категории : Xiaomi Mi 9 Pro 5G и Mi Mix 3 5G. За да биде спремен за 5G револуцијата, Џун за следната година најави најмалку 10 смартфони со 5G поддршка. Следната година може да очекуваме 5G чипсет од Qualcomm, а на почетокот на 2020 година на пазарот би требало да се појават и чиповите на MediaTek за поевтините смартфони со 5G мрежа.