Samsung со софтверска надградба за проблемот со Note 10 и Galaxy S10

Објавено на 25.10.2019 во Новости



Samsung со софтверска надградба за проблемот со Note 10 и Galaxy S10

Претходно пишувавме за проблемот што го имаа двата предводника на Samsung - Galaxy Note 10 и Galaxy S10. Решена е задачата на компанијата, која имаше за цел да го отстрани непрепознавањето на отпечатокот на корисниците. 

Проблемот сега е решен и за телефоните што имаат евтини фолии, поради кои наводно се јавуваше проблемот. Прикачена е софтверска надградба, но во моментот само за јужнокорејските корисници, при што наскоро ќе биде и глобално достапна.