Google Maps ги додаде сите корисни функции и за iOS

Објавено на 25.10.2019 во iOs



Google Maps ги додаде сите корисни функции и за iOS

Android досега ги имаше опциите за пријавување на пречки на патиштата, или кога има полициски радар. Сега и корисниците на iOS во Google Maps апликацијата, добиваат екстра функции за информирање на состојбата на патиштата.

Возачите со iOS софтвери ќе добиваат инфо за сообраќајна несреќа, радари, бавно движење во сообраќајот, работа на патот, затворени ленти, расипани возила и одрони.