Google Pay со отпечатоци ќе одобрува трансфер на пари

Објавено на 28.10.2019 во Новости



Google Pay со отпечатоци ќе одобрува трансфер на пари

Google додаде нова безбедносна функција на мобилниот сервис Google Pay преку кој ќе може да одобрувате трансфер на пари до други корисници преку биометриска заштита.

Тоа значи дека сега преку скенерот на лицето или отпечатоците од прсти ќе може да одобрувате трансфер на пари наместо само користење на ПИН на Google Pay.