Xiaomi Mi 8 почна со бета верзија на Android 10
Објавено на 29.10.2019 во Новости
Врвниот смартфон Xiaomi Mi 8 ќе биде вклучен во групата на смартфони на Xiaomi кои ќе добијат целосна надградба на оперативниот систем со последната достапна верзија на Android 10.
Затоа сега стартуваше бета програмата наменета за Xiaomi Mi 8 преку која ќе се тестира новата верзија на Android 10 за пред крајот на годината да биде лансирана стабилна и конечна надградба на смартфонот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.