Најдобриот производ на Tesla досега, Маск е оптимист

Објавено на 29.10.2019 во Новости



Најдобриот производ на Tesla досега, Маск е оптимист

Илон Маск повторно слави, затоа што кварталот заврши во плус со Tesla Inc., што не се случува често, а на крилата на тој успех, порасна и цената на акциите и пазарната вредност со која компанијата на Маск го надмина GM. Со вредност од околу 53 милијарди долари, Tesla Inc. сега повторно е највредната автомобилска компанија во САД.

Ако му веруваме на шефот Илон Маск, најдоброто допрва доаѓа. За новиот кибер-камион Маск рече дека нема да коментира, но не можеше да се воздржи да каже дека тоа би можело да биде „најдобриот производ на Tesla досега“. За Model Y вели дека е фантастичен производ: Ова е само мое мислење, но мислам дека неговата продажба ќе ја надмине продажбата на моделот S, X и 3 – заедно“.