Се продава Apple Computer 1 за 1,75 милиони долари

Објавено на 30.10.2019 во Новости



Се продава Apple Computer 1 за 1,75 милиони долари

Првиот компјутер со логото на Apple, кој Стив Џобс и Стивен Вознијак го направиле е на продажба на eBay. Не станува збор за реплика, туку за оригинален и функционален компјутер, тврди неговиот продавач. 

Станува збор за рачна изработка на Apple Computer 1, подоцна наречен само како Apple 1, кого Џобс и Воз го направиле во 1976. година. Компјутерот го проектираше Вознијак, кој на eBay се продава за неверојатна сума од 1,75 милиони долари, или 1,5 милиони евра. Веруваме дека за колекционерите цената е вистинска ситница. 

Спецификациите на Apple Computer 1:

CPU: MOS 6502 1 MHz
Меморија: 4KB стандардно, што се надградува до 48KB
Графика: 40x24 знаци

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: