Samsung Galaxy Fold 2 доаѓа со тотално нов дизајн

Објавено на 31.10.2019 во Новости



Samsung Galaxy Fold 2 доаѓа со тотално нов дизајн

Новиот Samsung Galaxy Fold 2 ќе се отвара вертикално и во дизајнот го заменува засекот со дупка само за селфи камерата. Јужнокорејскиот бренд има тотално нов дизајн за преклопниот смартфон, а за видеото вели дека сликите „се само за илустрација“. 

За дизајнот сепак вели дека би можел да се промени. Тоа ќе го покаже иднината. Дефинитивно новиот дизајн ќе вклучува дупка во дисплејот за камерата (punch-hole) и ќе се расклопува вертикално. Дисплејот ќе биде OLED со големина од 8.1-инчи, или компактниот помал дисплеј од 6.7-инчи, ќе биде париран со ултра-тенко стакло. Под хауба најверојатно ќе биде со најновиот процесор на Qualcomm - Snapdragon 865, 12GB RAM и 256GB ROM меморија. 

Софтверот ќе биде Android 10 со One UI 2.1 кориснички интерфејс, поддршка за 5G мрежа, технологија за брзо полнење со 45W, со комбинација од две батерии. Лансирањето се очекува да се случи во април следната година, додека официјалното претставување во февруари. Цената на Galaxy Fold 2 наводно ќе бие 1,980 долари.