Третата четвртина за Huawei во Кина е ненадминливо добра

Објавено на 31.10.2019 во Новости



Третата четвртина за Huawei во Кина е ненадминливо добра

Мислевме дека Huawei нема да ја заврши оваа година со одлични цифри, но тоа се разбира, се должи на блокадата од САД. Исто така, Huawei мораше да ги намали испораките на 270 милиони парчиња за 2019 година, од планираните 300 милиони. 

Huawei имаше одлична година и покрај сите проблеми со кои се соочи и се уште се соочува. Најголем проблем е што нема лиценца за Google Play сервисот на Android. На сметка на Америка, компанијата ги зголемила испораките во Кина, при што за време на третата четвртина имала зголемување од 66% во споредба со минатата година, додека уделот на пазарот се зголемил од 24.9% на 42.4% во споредба со истиот период лани.

Тоа значи дека 4 од 10 уреди во Кина се модели од Huawei. Бројот на доставени уреди се зголемил од 25 милиони во 2018, на 41.5 милиони во 2019 година. Тоа значи дека Кина останува најголемиот пазар за смартфони во светот. Испораките на Apple iPhone уреди во Кина се намалиле за 28% во истата четвртина. 

Автор: Aleksandar Stankov