Кои се смарт решенијата за да го дигитализираме Скопје

Објавено на 02.11.2019 во Новости



Кои се смарт решенијата за да го дигитализираме Скопје

Зошто се современите смарт градови? Општо, за подобар квалитет во живеењето, за поголема безбедност, подобрена инфраструктура и оптимизирањето на ресурсите, а пред се, зачувувањето на здравата животна средина. Голем проблем на современите метрополи е отстранувањето на загадениот воздух и управувањето со отпадот. 

Како делумно решение во моментот од страна на Македонски Телеком е смарт мерењето на вода, струја, смарт осветлување, смарт паркинг. Копенхаген веќе има смарт улично осветлување со Cloud систем за полесно управување. Целта е да се вклучат сензорите кога ќе детектираат движење, што значи дека на тој начин ќе се намалат сообраќајните несреќи и криминалот, а истовремено и ќе се штеди во потрошувачката на електрична енергија.

Многу важно е во градовите да има смарт корпи, кои покажуваат до колку проценти се полни, колкава е температурата внатре и колкава е тежината. Сето тоа не прави посвесни и поодговорни како граѓани со цел да се грижиме за здравата животна средина, односно да не ги преполнуваме корпите за отпадоци и да го сортираме отпадокот. Во Скопје веќе има иницијативи за да се трансформира во смарт град и никогаш не е доцна и можеме да го реализираме, само доколку сите сакаме.





 
Најнови телефони
 
 


{}