Надградбата на софтверот донесе нови проблеми за корисниците на iPhone 11

Објавено на 03.11.2019 во Новости



Надградбата на софтверот донесе нови проблеми за корисниците на iPhone 11

Корисниците на iPhone и iPad во септември го надградиле софтверот за iPhone и iPad на iOS 13, при што имале проблеми со Bluetooth, WiFi и виртуелната тастатура, па Apple многу брзо морал да објави нова надградба, со која ги решиле тие проблеми.

Од неодамна е достапна новата надградба на софверот за Apple уреди, која овозможува бројни подобрувања и новитети како што се нови емоџија и поддршка за AirPods Pro. Сопствениците на најновите телефони со iOS 13.2 ја имаат најважната опција Deep Fusion. Станува зборе за напреден систем за обработка на слики благодарение на A13 Bionic Neural Engine за снимање на слики со многу подобра текстура, повеќе детали и намален шум при слабо осветлување.

Ниту со оваа надградба не е решен проблемот што понекогаш го следи нов софтвер. Најголемиот проблем е начинот на кој апликациите работат во позадина, поради што телефоните може значително да ја намалат брзината на функционирање.

Кога корисниците на Apple ќе затворат апликација, таа не се исклучува целосно, туку продолжува со работа во позадина со цел да може да се лансира кога корисниците повторно ќе ја вклучат. Ако истата не се користи долго време, треба да се исклучи за да не троши меморија. Со iOS 13.2 тоа време пред гасење на апликациите е значително скратено и апликациите пребрзо се гасат, што значително го отежнува користењето на телефонот. Овој проблем го имаат iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max.





Прочитајте повеќе: